Два дена пред олтар ме остави и преку ноќ се ожени за друга, моите солзи го казнија

Loading...

Вереникот ме остави само два дена пред закажаната свадба. Ми се јави и ми рече дека морал нешто итно да ми каже, да излезам на кратко пред врата, се’ се заврши за две минути. Не ме сакал, не можел ова веќе да го поднесе, не сакал да ме повреди, нашата љубов не била вистинска, од навика бил со мене и немало да биде фер кон мене ако сме се зеле на таков начин, без љубов.
Јас го слушав скаменето во неверување, тој како песничка изрецитира што имаше да ми каже и се заврти со порака дека подобро за сите ќе биде да не се гледаме и да не се слушаме никогаш повеќе.
Си влезе во кола и оттогаш веќе не го видов. За 10-тина дена разбрав дека се оженил со некоја девојка. Кога ми се случи ова, да бидам искрена, прво што помислив е да го завршам животот, зошто премногу го сакав, тој ми беше единствена љубов, а од друга страна пукна голем срам.
По цели денови плачев, не излегував од дома, не можев да спијам…Вториот ден, на денот на свадбата што не се случи, дојде тетка ми и успеа да ме натера да излеземе. Ме однесе на закажаниот фризер да ми направи фризура, ама комплетно ме промени.
Ми ја скрати косата на интересен начин и ме офарба во посветла нијанса. Ми ги средија и ноктите. Потоа бевме да го продадеме свадбениот фустан, мојата венчаница, а со парите (и нешто таа додаде), ми уплати летување на едно егзотично место. И така заминав сама…
Од тогаш се поминати 10 години! Она во што ни денес не можам да поверувам, е како на тоа летување запознав прекрасно момче од друга држава и дека навистина после дожд иде сонце. Ете тоа мене ми се случи. Се роди нова љубов и мене раните веднаш ми поминаа. За две години се зедовме, и еве речиси 8 години сме во среќен брак.
За мојот бивши дознав дека за многу кратко се развел, дека животот му бил катастрофа. Епа, само можам едно да кажам, дека животот навистина пишува романи, а јас сум жив сведок за тоа! Поздрав!

loading...