Две години по разводот испливала “валканата долна облека”

Loading...

Две години по разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит испливале нови детали за нивниот брак. Зад сликите на совршено семејство, како што се претставувале во јавноста, се крие нешто сосема друго.
Иако делувало дека нема лесно да се опорави по разделбата од Анџелина Џоли, Бред Пит воопшто не жали за поранешната сопруга. Од друга страна, странските медиуми наведуваат дека актерката долго се премислувала кога требало да ги предаде документите за развод. Како и да е, шансите за смирување се минимални.


“Бред е сосема рамнодушен. Не жали по Анџелина, ниту размислува за тоа да и даде втора шанса. Последните години од бракот со Анџелина беа вистински пекол за него. Често се прашуваше дали тој ја познава вистинската Анџелина, бидејќи не можеше да сфати како жената во која се заљуби и со која се ожени може така да се однесува кон него”, открил извор близок на актерот за “Hollywood Life”.


“Се помири со ситуацијата и продолжи натаму. Децата му се на прво место, тие му се се на светот”, додал изворот.
Потсетуваме, претходно се пишувало дека Џоли жали поради разводот, и дека константно се преиспитува дали ја донела правилната одлука, бидејќи Бред секој ден се повеќе и недостасува.

loading...