Две добро познати функции на Windows го успоруваат вашиот компјутер

Microsoft објави дека одредени функции во системите Windows 10 и Windows 11 можат негативно да влијаат на брзината на компјутерот.

Најголемиот проблем е синхронизацијата на OneDrive, која постојано работи во позадина и троши ресурси на процесорот и дискот, особено при синхронизирање на голем број датотеки или кога корисниците имаат послаб хардвер.

Компанијата изјави дека постои уште една опција која исто така може да го забави системот, но не прецизираше за која точно функција станува збор. Тие нагласуваат дека се свесни за проблемот и работат на подобрувања што треба да пристигнат преку идните ажурирања.

Дотогаш, експертите им советуваат на корисниците привремено да го паузираат OneDrive или да го ограничат бројот на датотеки за синхронизација, за компјутерот да работи побрзо и постабилно.

Пронајдете не на следниве мрежи: