Две заразени текстилни работнички од Штип се од иста компанија

Loading...

Две заразени текстилни работнички од Штип се од иста компанија

Работнички од иста фирма која има околу 100 вработени, во Штип се позитивни на корона вирусот. Вчера се утврдуваше поширок круг на нивни контакти. Во изолацијата ќе бидат ставени сите кои ќе се најдат на тој список.

По направената анкета и мапирање ќе се знае за колка број на луѓе ќе се работи. Еден од можните начини на ширењето на заразата се и превозните средства, односно автобусите со кои се возат до работа поголем дел од овие вработени. Властите апелираат на редовно дезинфицирање на истите.

Се ослободи ли Велес од КОРОНА ВИРУСОТ?

Задолжителна дезинфекција, дистанцата на лицата кои се превезуваат со овие средства од и до своето работно место да биде од 1,5 до 2 метри, работниците задолжително да носат лична заштитна опрема – маски, а по можност и ракавици, а на работното место освен заштитната опрема и дезинфекција на работните површини и рацете да се избегне групирањето на повеќе лица за време на паузите за одмор“ објавија од Центар за јавно здравје Штип

Деновиве во Штип исто така се позитивни и лекар и медицинска сестра. Уште неколку здравствени лица се во изолација, но не е потврдено дека се позитивни.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...