Две работи поради кои машките моментално им стануваат привлечни на девојките

Не е тајна дека девојките и машките имаат различни критериуми кога е во прашање физичката привлечност. Целокупниот изглед кај машките им игра важна улога на девојките, но никако не е пресуден.


Тоа го покажува и истражувањето со кое е утврдено дека две карактеристики можат машките да ги направат попривлечни кај девојките.
Станува збор за – глас и мирис. Мажот може меѓудругото да изгледа и како најпосакуваната холивудска ѕвезда, но тоа често не е доволна причина за девојката да го забележи.


Меѓутоа, во моментот кога ќе проговори, сето тоа може да се промени. Истражувањата велат дека гласот ја има таа моќ да пренесе одредени особини на мажите. Затоа, врз основа на гласот можеме да почувствуваме дали мажот е доминантен или нежен, сигурен во себе или пак крие некаква несигурност и во каква емотивна состојба се наоѓа во моментот.
Мирисот е втората карактеристика која игра важна улога во развивањето на привлечноста. Истражувањата исто така кажуваат и дека луѓето со векови си пресудуваат едни на други врз основа на мирисот, а пријатниот мирис на мажот предизвикува убави емоции кај девојката.
„Акустичните и миризливите карактеристики можат заедно или во комбинација, силно да влијаат на одлуката за избраната личност, покрај ставот и однесувањето“, заклучиле тие.

Loading...