Две ракети истрелани од Сирија експлодираа на Голан

Loading...

Две ракети истрелани од сириската територија паднале во понеделникот на делот од Голанската висорамнина којашто ја окупираше Израел, при што нема ниту жртви, ниту штети, изјави портпаролката на израелската армија.На 5-ти јуни е годишнината од почетокот на арапско-израелската војна од 1967 година, кога е окупирана сириската Голанска висорамнина. Сопственоста на територијата и враќањето на коешто инсистира Дамаск  и натаму останува главна тема на конфликтот меѓу Сирија и Израел.Портпаролката на израелската армија додала дека ракетите експлодирале во поле во близина на линијата на прекинот на огнот во јужниот дел од Голанската висорамнина.Прецизирала дека истрелувањето на тие ракети е поврзано со внатрешната ситуација во Сирија, навестувајќи дека Израел не бил цел, туку ракетите биле истрелани како резултата на судирите меѓу војската и бунтовниците.Во меѓувреме, како што пренесе Press TV иранскиот министер за одбрана, бригадниот генерал Ахмад Бахиди изјави дека Сирија го има правото да одговори на неодамнешните израелски напади на сириска територија, нагласувајќи дека Дамаск во догледно време че даде силен одговор.„Ова е опасна игра и доколку Сирија има намера да одговори на тоа, таа има право и може да даде поразителен одговор за ционистичкиот режим (Израел –з.р.)“, изјавил генералот Вахиди во понеделникот.Предупредил на „големите настани“ што може да се случат во регионот, нагласувајќи дека САД и Израел „нема да бидат победници во тие случувања“.„Сирија е можна земја… и ќе му даде силен одговор на ционистичкиот режим во догледно време и ќе испорача тешки удари за него“, заклучува иранскиот министер за одбрана.Вахиди повторил дека Израел „не ќе може лесно да се извлече од овој авантуризам“.Во неделата Дамаск изјави дека ракетирањата на израелската авијација врз цели на сириска територија коишто Тел Авив не ги потврди плашејќи се од сириска одмазда, за кои западни разузнавачки и израелски извори тврдат дека биле пратки на ирански проектили за либанското шиитско движење Хазболах со кого Израел во 2006 година водеше 34-дневна војна, всушност се поддршка на сириските бунтовници поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда кои претрпеле големи загуби во судирите со сириските безбедносни сили.Според сириските медиуми, бомбардирани бил научно истражувачки воен комплекс во предградието на главниот град Дамаск, Џамраја. Сирискиот министер за информирање, Омран ал-Зохби изјави дека неговата земја има право и должност да го заштити своето население со сите расположливи средства и дека нема да потклекне на израелската агресија.
МакфаксДве ракети истрелани од сириската територија паднале во понеделникот на делот од Голанската висорамнина којашто ја оку

loading...
Loading...