Две тела во распаѓање пронајдени во Скопје

Loading...

Две тела во распаѓање пронајдени во Скопје

Вчера во 14:53 часот во СВР Скопје, Б.П. пријавил дека на ул.„Анастас Митрев“ од стан во кој живеел У.И(42) неколку дена се шири непријатна миризба. При полициската интервенција во станот било затекнато телото на У.И. во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обинител телото е предадено на обдукција.

Вториот случај бил пријавен нешто подоцна, во 15:51, во полициската станица Бит Пазар. Скопјанец пријавил дека во разрушена куќа на улицата „Филип Втори“, инаку сопственост на 63-годишник, пронашол мртво тело во фаза на распаѓање. И ова тело е предадено на обдукција.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...