Мицковски ти си дволичен, двосмислен, безр’бетен , неморален, физички и политички кукавица му порачува проф Нестор Огинар

ФБ статус на Проф. Нестор Огинар распали по Мицкоски: Ако тој е лице на партијата, фрлете пепел врз неа.
Ако Христијан Мицковски е вистинското лице на партијата ,,ВМРО- ДПМНЕ “ , тогаш фрлете пепел врз неа“, пишува Нестор Огинар, македонски иселеник и професор во Њујорк, кој силно се спротиставува на промена на името.
„Денес од далечниот Њу Јорк го видов и чув говорот на Христијан Мицковски во Кичево и пред мене после две иљади години повторно се повампири ликот на Понтија Пилат пред Судот на Исус Христос !
Го гледав и слушав тој дволичен, двосмислен, безр’бетен , неморален, физички и политички кукавица како ги пере валканите раце пред заблудените и наивните партиски членови и им ја фрла нечистата вода право в’ лице!
Го видов и чув како пред нив ја осудува Македонија и ја предава на распетието што го подигна Зоран Заев криејќи го својот низок кукавичлук зад историските зборови на еден вистински македонски патриот !
Со гнев и презир му порачувам :
Мицкоски:Лидер ли си на една најголема национална партија или исплашен , несигурен, недораснат мочко?!На твоето реторичко прашање во трето лице еднина:
“Кој е Христијан Мицковски да му кажува на народот што треба да прави…”, јас ти одговарам :Ако “ Христијан Мицковски “одбива да му “ кажува на народот што да прави” ,
Тогаш тој ист Христијан Мицковски им дозволува на ЗоранЗаев, Али Ахмети, Џес Бејли, Јоханес Хан, Алексис Ципрас, Бојко Борисов, на Грција, Бугарија, Албанија, ЕУ, НАТО, Америка и секому кому ќе му текне да му кажуваат на народот “ што треба да прави”!
Слепец еден недоносен !
За мене ти Христијан Мицковски си едно големо НИШТО!
Едно кукавичко јајце вметнато во партијата !
Една сурова , ниско морална личност што не е дораснат да води !
Еден беден техно- бирократ што својата несигурност и неспособност ја крие зад народот!
Ако немаш храброст и доблест сега во овој критичен историски миг да кажеш јасно и гласно дека го БОЈКОТИРАШ “Референдумот”, тогаш ти не си ништо поарен од оние што го подржуваат!

Loading...