Девет загинати и 21 повреден во автобуска несреќа во Русија

Пренесувајќи ги локалните власти руските медиуми јавија дека најмалку девет лица загинаа, а 21 се повредени во директен судар меѓу патнички автобус и камион во руската Јарославска област. До несреќата дошло откако, од засега непознати причини, камионот навлегол во спротивната коловозна лента и директно удрил во автобусот.
– Меѓу повредените има и дете, но неговата возраст не се прецизира, изјави портпаролот на јарославската полиција.
На местото на несреќата се пристигнати девет возила на Брзата помош .

Loading...