Девојката најдена во црна кеса била убиена, по телото има повреди од удари

Loading...

Девојката што беше најдена во црна пластична кеса била убиена, ставена во кеса, па фрлена покрај патот, објави МКД.мк. Мртвото тело го пронајде вработен во “Комунална хигиена“ на пат кон Горно Оризари, вчера околу 16:00 часот. Од МКД.мк додаваат и дека дознале дека се работи за насилна смрт, а на нејзиното тело имало повреди од удари.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата девојка е предадено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје. Со обдукција ќе се се открие причината како настапила смртта, но и дали убиецот оставил траги кои можат да ги одведат надлежните до него.

 

loading...