Девојка од Скопје повредена од залутан куршум- ја погодил додека седела во нејзината соба

Девојка била погодена од залутан куршум додека седела во нејзината соба во скопската населба Чаир.
Случајот вчера околу 23,50 часот во СВР-Скопје го пријавил нејзиниот татко Н.Б.(54) од Скопје.
Тој во полиција кажал дека во неговиот дом во Чаир во собата каде што била неговата ќерка пробило залутано зрно и ѝ нанело површински повреди (изгореница).


Се работи на целосно расчистување на случајот.