Девојка ослабела 60 килограми за 12 месеци затоа што ја исмевале на училиште

Кога одела во средно училиште се мразела себеси и својот изглед и затоа направила драстична промена.
Џози Десгранд тежела 127 килограми кога била 16-годишна тинејџерка. Соучениците постојано ја задевале и две години подоцна на матурската прослава таа се појавила пред нив во елегантен црвен фустан со само 60 килограми.


Нејзиното патување до оваа тежина траело две години, од кои првите 12 месеци симнала 60 килограми, a втората година уште 7 килограми. На 18 години ја достигнала својата идеална тежина од 60 килограми и сега внимава на начинот на живот и изборите за храна кои ги прави секојдневно.
Џози откри дека се мразела себеси и својот изглед и во еден миг дури размислувала за операција за симнување на килограми.
Сепак, промената на комплетниот животен стил бил вистинскиот избор за неа.