Девојка сакала да наточи гориво на електричен автомобил

Логично е дека во електричните возила се „става“ струја, а не бензин, и дека секој возач би требало да го знае тоа, но еве доказ некој не го знае тој факт.
Жена застанала на бензинска пумпа решена да го наполни својот електричен автомобил, а тоа што следувало е пресмешно.
Очигледно незапознаена со автомобилот, жената излегува и збунето почнува да го бара отворот за бензин. По нецела минута залудна потрага, таа успева да отвори капаче и веднаш се фаќа за кредитната картичка за да плати за бензинот. Она што не го знае е дека наоѓањето на „отворот за бензин“ е полесниот дел.

Како што би направиле со секој автомобил со мотор со внатрешно согорување, таа се обидува да го стави „пиштолот“, но тој, нормално не одговара. Тесла моделот има приклучок, а не отвор за гориво. Очигледно дополнително позбунета, жената продолжува да го проучува приклучокот пред да реши дека најверојатно има друг отвор каде што се става бензинот. Таа дури го отвора багажникот, пред да се јави на телефон, најверојатно за да побара помош.
Сепак еден маж и` помогнал на жената и и` кажал каде греши.