Девојка ја ставила својата невиност на аукција: Еве колкава е нејзината цена

Како што рекла, добила инспирација читајќи ги вестите за девојките кои го направиле истото.
Девојка од Австралија ја ставила својата невиност на аукција и планира да ја продаде на тој што ќе понуди најмногу. Планира да заработи околу 100.000 долари.
Користејќи го псевдонимот Сара Пејтон, 18-годишната девојка отворила сајт на кој ја ставила својата невиност на продажба, пишува “Daily Mail”.
Како што рекла, добила инспирација читајќи ги вестите за девојките кои го направиле истото.
Долго размислувала за тоа, а откако наполнила 18 години, одлучила дека сега е вистинското време за тоа.


“Читав како девојки ја продаваат невиноста за милиони долари и секогаш мислев дека тоа е интересно. Пријателите ме поддржуваат во оваа намера”, рекла таа.Иако оваа идеја може за некого да звучи бизарно, таа на неа гледа како на финансиска можност.
“Сакам да го продолжам образованието, мислам дека ова е одличен начин да дојдам до пари”, рекла таа и додала дека дел од парите сака да ги потроши и на патувања.
Аукцијата ја отворила на почетокот на ноември и се надева дека ќе добие околу 100.0000 долари.
Досега добила неколку понуди, а најголемата е 30.000 долари. Меѓутоа, таа мисли дека тоа не е доволно.
“Идеално би било да добијам 100.000 долари, но ако добијам приближна сума, ќе прифатам”, потврдила таа.

Loading...