Девојче во Англија откри досега непознат вид диносаурус

Loading...

Фосили пронајдени од девојченце на плажа на англискиот остров Вајт, се остатоци од диносаурус, кој му припаѓал на претходно непознат за науката вод, кој е именуван чест на откривачот, јави во средата британскиот јавен радиотелевизиски сервис BBC.Деветгодишната Дејзи Морис, жителка на селото Витвел на островот Вајт, ги пронашла фосилите пред четири години. Семејството Морис ги испратило останките од животното на експертиза во Универзитетот во Саутемптон.Научниците откриле дека станува збор за останки од диносаурус кој припаѓал на претходно непознат вид птеросауруси (летачки архосауруси), коишто ја населувале Земјата во периодот креда, кој завршил пред 66 милиони години. Новиот вид е наречен Vectidraco daisymorrisae. Должината на телото на овој вид диносаурус изнесувала околу 35 сантиметри, додека распонот на крилјата – 75 сантиметри.Експертот за фосили, Мартин Симпсон изјави дека овој случај е пример за тоа како „големите откритија се направени од страна на аматери“. Тој додаде дека „доколку Дејзи не ги пронајдеше фосилите, нив ќе ги проголташе морето“ и научниците никогаш не ќе можеле воопшто да дознаат за  постоењето на диносаурусот од видот Vectidraco daisymorrisae.
МакфаксФосили пронајдени од девојченце на плажа на англискиот остров Вајт, се остатоци од диносаурус, кој му припаѓал н

loading...