Девојче фрлило подарок во канта за ѓубре, но набрзо зажалела за ваквата одлука

Loading...

Хејли Хасел посетила три продавници за да ја развесели својата 6-годишна ќерка со нов училишен прибор со “LOL” ликови. Но, наместо насмевка, ќерката се налутила за ваквиот подарок.
Шокираната мајка на тоа реагирала фантастично – мирно одлучила да го дарува училишниот прибор на некое сиромашно дете, а ќерката наместо прибор, на училиште ќе носи ќесичка за своите моливи. Со тоа сакала да ја научи ќерката на важна животна лекција која ќе ја памети цел живот.
Хејли на Фејсбук објавила фотографии од целата ситуација и покрај нив опишала како се случило сè:
“Госпоѓицата денеска научи тешка љубовна лекција. Посетив три различни продавници за да ѝ го набавам оној “LOL” училишен прибор кој го гледате на фотографијата. Кога денеска ја изненадив со него (верував дека ќе биде пресреќна), таа го погледна, го фрли во кантата за ѓубре и ја тресна вратата од детската соба. Викаше: “Тоа е глупаво, сите во моето одделение го имаат истиот… Не го сакам повеќе!”.

“Во тој момент веројатно ми излегуваше чад од ушите и многу се трудев да не изгубам контрола над ова дете за кое толку напорно работам за финансиски да нè обезбедам и да бидам сигурна дека секогаш го добива она што ѝ треба. Но, отсекогаш ја учев да биде благодарна и да знае колку е всушност среќна, но се чини дека ѝ треба мал повик за будење!
Затоа, пред потполно да полудам, во себе си повторував да се смирам. Ѝ реков: “Добро, дозволи ми да ти набавам прибор кој ќе го користиш”… Се вратив со нов прибор кој е всушност зип ќесичка. На тоа, таа сосема го изгуби разумот. Одеднаш приборот кој претходно го фрли во кантата за ѓубре беше доволно добар, а зип ќесичката беше ужасна… но, беше предоцна за сè. Ѝ реков да го извади приборот од кантата и дека утре ќе пронајдеме дете на кое ќе му го подариме. На она дете чии мајка и татко немаат пари за училишен прибор или ќе го даруваме на некое дете кое нема родители.
Ѝ објаснив дека нема ексклузивно право на посебни работи и дека го зема здраво за готово фактот колку е среќна во животот… Така, сега ќе ја користи ќесичката и лично ќе му го подари убавиот прибор на некое дете на кое ќе му биде од корист.

Можеби понекогаш претерувам со реакциите, но направив сè за ништо да не ѝ недостига во детството. Искрено верувам дека промената на перцепциите и благодарноста можат да ја променат било која животна ситуација”, напишала мајката на Фејсбук, а коментарите биле поделени – повеќето биле воглавно позитивни, но имало и такви кои ја нарекле “чудовиште” и напишале дека е лош родител.

loading...
Loading...