Дедото на терористот од Македонија: „Кујтим нè посетуваше секоја година, никој не претпоставуваше што ќе стори“

Loading...

Вооружениот напаѓач, кој уби четири лица во понеделникот вечерта во Виена, ја посетувал својата татковина, малото планинско село Челопек во западниот дел на Северна Македонија, изјавил неговиот дедо.
Семејството на Кујтим Фејзулаи, 20-годишниот џихадист кој беше убиен од полицијата по неговото дивеење низ австриската престолнина, живеел во куќа зад ‘рѓосана зелена порта во село со неколку џамии, пред да се пресели во Австрија во 2000-та година.
Исламски свештеник од селото, Нури Гани, рекол дека е запознаен со семејството Фејзуали.
„Го познавам неговото семејство и секој овде зборува добро за семејството. Дури денеска дознавме дека едно лице од тоа семејство било вмешано во тероризмот. Сакам да кажам дека тероризмот нема никаква врска со исламот“, рекол Гани.

Неговиот дедо за „Клан Македонија“ рекол дека немал контакт со семејството веќе шест месеци. Тој додал и дека Кујтим секоја година доаѓал во Македонија со своето семејство.
„Секако! Секоја година доаѓаше со семејството. Вообичаено доаѓаше во станот на мајка му и татко му, но имаше свој стан. Е, сега никој не знае што правел таму во неговиот стан“, изјавил неговиот дедо за „Клан Македонија“.


Сепак, на крајот дедото загрижено прашал дали неговиот внук е убиен.
„Значи, Кујтим е убиен, така? Првите информации се такви. Дали е убиен!? Што можеме да сториме? Тој си направи беља“, рекол дедото за Куjтим.

loading...