Дедо Мраз раширил коронавирус: Наместо подароци, донел вирус меѓу најзагрозените, заразени 118 лица

Loading...

Дедо Мраз кој посетил дом за стари лица во Белгија заразил 118 лица со Ковид-19.
Според извештаите на локалните медиуми, синот на корисник во домот за стари лица во градот Анверс, го посетил истиот во костим на Дедо Мраз за да ги расположи тамошните корисници.
Кратко по посетата, 45 лица кои биле во близок контакт со него почнале да покажуваат симптоми на зараза.


Неколку дена по посетата на Дедо Мраз, заразата била потврдена кај 98 корисници на домот за стари лица, но и кај 20 вработени.


Фотографиите кои биле направени за време на посетата покажуваат дека голем број на луѓе не носеле заштитни маски.

loading...