2 модри патлиџани
370 мл кисела павлака
1 шолја сечкани ореви
1 врзоп копар
3 чешниња лук
масло
сол
Модрите патлиџани исечкајте ги на ленти, испржете ги на масло и ставете ги на кујнска хартија за да ја впие непотребната мрснотија.
Во длабок сад измешајте ги павлаката, оревите, исечканиот копар и изренданиот лук. Посолете го филот, промешајте го и нанесете го на лентите модри патлиџани. Свиткајте ролати и зацврстете ги со чепкалки. Изладете, отстранете ги чепкалките и сервирајте.