Делегација на МО во посета на НАТО

Loading...

Во понеделник, во работна посета на седиштето на НАТО во Брисел ќе престојува висока делегација на Република Македонија, предводена од државниот секретар во Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски.

За време на престојот во седиштето на НАТО ќе се одржат редовните мултилатерални консултации меѓу Република Македонија и Политичко-партнерскиот комитет на НАТО во формат 28+1. Пред Политичко-партнерскиот комитет, свое излагање ќе има државниот секретар Стефаноски, кој ќе ги информира претставниците на НАТО за постигнатиот напредок на Република Македонија на нејзиниот пат кон НАТО во доменот на одбраната, имплементацијата на структурата на АРМ, плановите за модернизација и опремување на АРМ, за имплементацијата на Партнерските цели 2012, како и за идните планови во оваа област.
 Процената за Република Македонија којашто ќе произлезе од овој состанок, ќе биде составен дел од Извештајот за прогресот на Република Македонија во рамките на Акциониот план за членство во НАТО.
 По состанокот, државниот секретар Стефаноски ќе оствари и работен ручек со помошникот на генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, амбасадорот Хусеин Дириоз.
 Високата делегација од Република Македонија ќе ја посети и Канцеларијата за врски на Република Македонија во НАТО Врховниот штаб на здружените сили во Европа (SHAPE) во Монс.
Maкфакс
Во понеделник, во работна посета на седиштето на НАТО во Брисел ќе престојува висока делегација на Република Македониј

loading...
Loading...