Деликатесни бомбици со маслинки

Loading...

1 кг компири
200 г маслинки без семки
200 г сусам
200 г маргарин
сол и мелен црн пипер
Компирите излупете ги, сварете ги, па со маргаринот изгмечете ги како за пире. Посолете и зачинете со црн пипер по вкус и оставете смесата да се стегне.
Сусамот потпечете го во тава без масло на оган.
Од изладената и стегната смеса од компири расплескајте на едната рака. На средината ставете маслинка и формирајте топче со големина на орев. На истиот начин подгответе ги сите бомбици и свалкајте ги во сусамот.

loading...