Делови од тела на тројца мигранти пронајдени на пруга во Грција

Loading...

Според соопштението на грчките власти денес на пруга во близина на границата со Турција биле пронајдени распарчените тела на три лица, за кои се верува дека се мигранти кои во текот на вечерта биле удрени од воз. Како што пренесува “AP” полицијата соопштила дека човековите остатоци вчера ги пронашол машиновозач, кој го сопрел возот и ги известил властите. Телата се толку оштетени што не можат да се одредат полот и возраста , наведува американската агенција.
Властите веруваат дека несреќата се случила вечерта во понеделникот, во близина на селото Филакас меѓу североисточните градови Алекснадропулис и Комотини. Областа се наоѓа во близина на турската граница, клучен премин за мигрантите кои бараат подобар живот во Европа.

 

loading...