Делпо победи во Ротердам, Надал во Сао Паоло

Loading...

Хуан Мартин дел Потро го освои турнирот во Ротердам, а Рафа Надал триумфираше на турнирот во Сао Паоло.

Дел Потро, во финалето во Ротердам го победи Жулијен Бенето со 7:6 и 6:3 и ја освои 14-та титула во кариерата. Бенето, кој на патот до финалето го елиминира Роџер Федерер и во осмото финале остана без титулата. Рафа Надал, кој по долга пауза на тениските терени се врати минатата недела, кога од Себалос загуби во финалето на турнирот во Виња дел Мар, го освои Сао Паоло. Надал во финалето го совлада Давид Налбандијан со 6:2, 6:3. Титулата во Бразил е прва за Надал по минатогодишниот триумф на Ролан Гарос, во Сао Паоло тој ја освои 51-та титула во кариерата, 37-ма на земјана подлога.
Макфакс
Хуан Мартин дел Потро го освои турнирот во Ротердам, а Рафа Надал триумфираше на турнирот во С

loading...