Она што треба да го олесни движењето на скопјани, поради несовесноста на дел од граѓаните изминатата недела создава хаотична слика во главниот град.
Новите градски тротинети, кои од неодамна се во функција, покрај тоа што дел се искршени или фрлени во контејнери и канали, почнаа и да се оставаат на несоодветни места загрозувајќи ја безбедноста, а за тоа последни реагираа велосипедистите.
-Нови пречки на патеките, слика која што ја среќаваме возејќи точак и пешачејќи деновиве – замислете ако некој утре добие идеја тротинетот да го остави на средина на коловозна лента на некој булевар, прекршувањето на општите сообраќајни правила кои важат за сите, директно ја намалува безбедноста – Реагираа од здружението „На Точак“
Но, покрај несовесното однесување, со проблем се соочија и дел од граѓаните кои ги користат тротинетите. На социјалните мрежи, дел од нив се пожалија дека, иако завршиле со возење, бројчаникот и натаму продолжил да им наплаќа, а воедно имале проблем да го добијат контакт центарот на надлежната фирма. Канал 5 ТВ, побара објаснување од одговорното лице за ваквите искуства на граѓаните, од каде уверуваат дека ниту еден граѓанин не е оштетен, односно се што некому е наплатено преку возењето, истото му е рефундирано.
-Самата апликација го препознава моментот кога се одлогирате, кога го паркирате тротинетот и пробувате да се одлогирате, самиот систем го идентификува тоа, кај некои корисници имаше проблем, бидејќи во позадина минутите течат но после некои време автоматски системот му ги рефундира средствата, значи досега нема ниту еден граѓанин, значи досега нема случај дека на некого му се земале парите и немало фидбек од наша страна. – Имале голем налив на повици и од луѓе кои што сакале да го пробаат телефонскиот број, таму се јавува некој сигнал, некоја музика додека се ослободи оператор. Може граѓаните било кога да се јават има 24 часовна поддршка
Од фирмата велат дека не се изненадени што на почетокот има девијатни појави, но додаваат дека според искустовото од останатите земји и постапувањето на институциите ќе бидат спречени..
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.