ТЕЦ Неготино: Демантираме дека сме обезбедиле бесплатен превоз за Парада на гордоста

Почитувани, во врска со објавените информации во дел од електронските медиуми кои се со наслов: „ТЕЦ Неготино на своите вработени им обезбедува бесплатен превоз за Парадата на гордоста во Скопје„ а кои што се појавија во текот на вчерашниот и денешниот ден на повеќе медиуми, Ве информираме дека истите се сосема невистинити при што станува збор за неточни информации и манипулации со јавноста.
Што се однесува на објавениот документ, т.е. наводното известување од страна на Претседателот на Управниот одбор на АД ТЕЦ Неготино, дека е обезбеден бесплатен превоз за Парадата на гордоста во Скопје, истиот е фалсификуван и обработен со алатки за обработака на електонски фотографии.
Од АД ТЕЦ Неготино ниту е побарана информација, ниту нашите служби се исконтактирани за проверка на информацијата, за што ќе бидат поднесени соодветни претставки до релевантните медиумски регулаторни тела.
Бидејќи овие објави имаат намера да нанесат нарушување на угледот на АД ТЕЦ Неготино, Ве информираме дека АД ТЕЦ Неготино уште во текот на денешниот ден ќе ги покрене сите потребни постапки пред надлежните институции во Република Северна Македонија заради расчистување на случајот. Во тој контекст ќе бидат презвземени потребните мерки кои стојат на располагање во правниот систем на нашата држава. Индициите кои веќе постојат, АД ТЕЦ Неготино им ги предочи и на Министерството за Внатрешни Работи на Република Северна Македонија и на Основното Јавно Обвинителство.
АД ТЕЦ Неготино бара овој демант да биде објавен во медиумите кои во текот на вчерашниот и денешниот ден ја објавија лажната вест.
Неготино, 01 06 2019 ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР
Небојша Стојановиќ, дипл.екк

Loading...