Демолиран зелениот покрив на ГТЦ, сторителот снимен од безбедносните камери

Loading...

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар е демолиран од страна на едно лице кое е снимено од безбедносните камери.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејбук профил објави видео од демолирањето.
– Зелениот кров на ГТЦ … И сторителот !!! Нема да застанеме заради вакви “луѓе”. Скопје ќе го биде. Сакал некој или не!!!, напиша Шилегов.
Проектот “Зелен покрив на ГТЦ“ беше промовиран во февруари годинава, а предвидува на површина од 1.800 метри квадратни да бидат засадени повеќегодишни дрва, да има летна сцена, кафетерија…

 

loading...