Денеска времето променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето во средата во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, претежно во западните делови  од земјата.

На некои места врнежите ќе бидат проследени и со ретки грмотевици. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Наутро температурата се движи во интервал од 4 до 9 степени, а дневната од 11 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер, со максимална температура од 11 Целзиусови степени.

Пронајдете не на следниве мрежи: