Денеска дожд, а викендов поројни врнежи

Времето ќе биде променливо облачно, по котлините со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, претежно во северните делови.

Денеска дожд, а викендов поројни врнежи

Во попладневните и вечерните часови ќе дува умерен, а на места долж Повардарието засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје претежно облачно и магливо. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд и ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 13 степени.

И во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во сабота во текот на ноќта и во недела под влијание на нов влажен бран се очекуваат пообилни врнежи од дожд.

И во следните денови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.