Денеска е голем празник – Денес е Св. апостол и евангелист Јован Богослов

Loading...

Православните верници денеска го прославуваат светиот апостол и евангелист Јован Богослов. Овој апостол бил еден од првите ученици на Исус Христос, заедно со братот Јаков.
Црквата два пати во годината го прославува овој светител и тоа на 9 октомври кога се сеќава на неговото упокојување и 21 мај, бидејќи на овој ден од неговиот гроб се шири чудесен, и како што верниците велат, лековит прав, кој го земале и со него ги зацелувале маките и разните рани.
Црковните песни што се пеат на денешен ден се составени во осмиот век од свети Јован Дамаскин и од цариградскиот патријарх Герман. Се верува дека на денешен ден луѓето од село треба да ја одмараат стоката, жените да не фаќаат плетиво, ножици, а во многу краеви во овие денови почнуваат свадби кои траат по три дена.

loading...