Денеска е Преподобен Јоаникиј Велики

Црквата ретко дава некому назив Велик. А кога свеста на соборната личност, т.е. на Црквата, ќе го даде некому овој назив, значи дека се работи за извонреден светител. Една таква извонредна светлина за светот беше овој преподобен Јоаникиј.

Се роди во Витинија, во селото Мариката. Како момче беше овчарче и уште тогаш го засака молитвеното тихување.

Подоцна се замонаши во еден манастир на Олимп, во Мала Азија и помина 50 години во подвиг.

Oд Бога доби големи дарови: ги лечеше сите маки и болести, изгонуваше демони, скротуваше ѕверови, преминуваше преку вода како по суво, ги предвидуваше идните настани.

Проживеа 94 години и мирно се успокои во Господа, во 846 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.