Денеска е Свети свештеномаченик Корнилиј – Претпразненство на Крстовден

Loading...

Денес се празнува Св.свештеномаченик Корнилиј (денот пред Крстовден)
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 септември.

Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Крстен од апостолот Петар, според небесно откровение (Дела 10, 1). Беше прв од незнабожците што ѝ пристапија на Божјата Црква. Дотогаш некои мислеа дека Црквата Христова е само за Евреите и за оние што го примаат еврејското обрезание.
Откако се крсти, Корнилиј остави с ѐ и тргна по апостолот Петар. Овој апостол подоцна го постави за епсикоп и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што Свети Корнилиј претрпе многу бесчестења и мачења заради Христа, но со сила Божја го урна храмот на Аполон и го крсти кнезот на тој град, Димитриј, и двесте седумдесет и седуммина нензабожци. Откако беше известен од Бога за денот на својата смрт, тој ги повика сите христијани, ги посоветува, се помоли на Бога за нив, и мирно се престави кај Господ во својата чесна старост.
Со време го заборавија неговиот гроб и стана запуштен. Но светителот му се јави на Троадскиот епископ Силуан и му јави за својот гроб, со заповед таму да подигне црква. Епископот го изврши тоа со помош на богатиот граѓанин Евгениј. Од моштите на Свети Корнилиј се извршија многубројни чуда.

loading...