Денеска е Св. апостол Симон

Loading...

Свети апостол Симон потекнувал од галилејскиот град Кана. Свадбата што ја опишува свети Јован во своето Евангелие е токму свадбата на овој подоцнежен апостол. Наречен е Зилот (што во превод значи ревнител), за¬тоа што бил голем приврзаник на Христос и неговата вера. Еден е од 12-те апостоли. По слегувањето на Светиот Дух на празникот Педесетница тој проповедал за Христа во Египет, Етиопија, Либија, Мавританија и Британија, каде што пострадал маченички бил распнат на крст, во времето на римскиот император Трајан.
За да ги истерате болестите од домот изговорете ја оваа молитва:
-Апостоле Свети Симоне, помоли му се на Милостивиот Бог, прошка на нашите души да им дари.

loading...