Денеска им е именден на сите што го носат името Филип. Еве едно објаснување на значењето

Loading...

ФИЛИП, Φίλιππος, Philippus
Да поставам една теорија околу името на Филип. Може да е точна, а може и не. Ако името на Аце е титуларно, “Нај Бо Жее Н“, израз за посуштинско објаснување (сме го објасниле порано), тогаш зошто да не е и за Филип со посуштинско, битно објаснување, а не дека името го добива според тоа што сакал коњи.Тоа мене не ми иде у глава како реално, за човек на таква позиција а именуван само според тоа дека сакал коњи. Па сакал он и многу жени, сменил неколку, ама не го именувале како љубител на жени, “Женкарош втори“ пример, нели? Philippos, lit. “horse-loving” or “fond of horses”, from a compound of φίλος (phílos, “dear”, “loved”, “loving”) and ἵππος (hippos, “horse”).
Ајде да пробам да најдам посуштинско нешто во неговото име со помош на древно македонското писмо. Но најпрво како увид да се потсетиме на стар виц од ОхриТско, со нивниот говор. 
Баба, влегвит во златара: 
– Ми требит буквата В за на ланче, – Е бабо , имат снемано таква, гужва е, туристи… – Лелелеее, е сега шо да му зема на Вилипче за роденден???
Вицов иако стар, ме потсети за гласовната трансформација на говорот во Охридско, каде Филипче е Вилипче, и не е смешно него е точна трансформацијата од ПХ(Ф) во В, односно обратно, од В е произлезоно тоа ПХ(Ф). Не се Пх(Ф)еникијци, него Веникијци.
Е ако тоа ПХ (Ф) е на коине , а произлезено од “В“ од древно македонското тогаш да видиме каква смисла ќе добие терминот Филип, односно според мене би било (десно на лево):
оП-И-Л-И-ъВ
Въ – Врвен, врховен, врховна
И – Прв
Л – титула, значајна
И – Прв
По – Град, На градот
Односно, треба поопширно да се протолкува во повеќе варијанти преводов, бидејќи слоговното е различно од нашево денешно, но основата за добивање на значението е блиска.
Па така би добиле пример две варијанти можни:
Ф-И-Л-И-По е:
– Врховниот Прв со Титула (видна), Прв на Градот,( на првиот (главниот) град).
– Врвновниот Прв Со титула, на првиот (главниот) град.
Или прикажано ви е со знаци на сликата , со правец на читање десно на лево. ***
А во календарот на МПЦ стои запишано ова: Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога Светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, Св. апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн. Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Св. Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија. Потоа ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, кадешто оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Тралија. Се упокои мирно во длабока старост. ***
Исто така историјатот на овој апостол на Исус е мошне богат.
Свети Апостол Филип е еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос.
Роден е во Витсаида, Галилеја, исто како и Апостол Петар и Апостол Андреј. Според Библијата, тој бил повикан од страна на Исус Христос да го следи и да му стане апостол. Тогаш тој се запознал и со Натанаил, кој според мислењата, се смета дека е другото име на апостол Вартоломеј.
Евангелието го проповедал во Галилеја, Грција, Аварија, Етиопија. Според верувањата, во Грција евреите сакале да го погубат, но тој успеал да се спаси со помош на Господ, каде подоцна еврејскиот архиереј ослепел. Вршејќи чуда, воскреснал мртовец од Јерапол . Негови придужници се сестра му Маријамна и Апостол Вартоломеј. Во фригискиот град Јерапол се сретнал со друг мисионер- Апостол Јован. Овде имало некоја опасна змија, која надбожниците грижливо ја хранеле и ѝ се поклонувале како на Бог. Со Божјата молитва, тој, заедно со Свети Вартоломеј таа змија ја усмртиле. Со тоа врз себе го навлекле гневот на помрачените луѓе. Свети Филип бил затворен и распнат на дрво со главата надолу, заедно со Свети Вартоломеј. Тогаш, според верувањата, се отворила земјата и роголтала судијата и мнозина истомисленици како него. Луѓето, исплашени трчале да ги симнат распнетите светци, но успеале да го задржат само Свети Вартоломеј а Свети Филип веќе бил издивнат.
Моштите на Свети Филип подоцна биле префрлени во Рим. ***
Исто така Филип е и кралот обединител на Македонија. Филип II Македонски (382 п.н.е. – октомври 336 п.н.е.) – крал на Македонија од 359 п.н.е. до 336 п.н.е. Бил татко на Александар Македонски во бракот со Олимпија, како и на Филип III Аридеј во бракот со Филина од Лариса. Во негово време започнал периодот на големиот подем на македонската држава.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...