Денеска сончево и топло, особено подгответе се за температурите кои доаѓаат во недела

Loading...

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 34 степени.
Во наредниот период продолжува сончевото и топло време со пораст на дневната температура. Особено топло ќе биде во недела и понеделник, кога во најголем дел од земјава температурата ќе надмине 35 степени.

loading...