Денеска сончево со умерена облачност, викендов без снег, а еве што не очекува од понеделник

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерна облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладне во западните делови ќе има услови за слаб снег.
Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од минус четири до три степени.


Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе достигне до еден степен.
Од утре попладне до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините. Во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет

Loading...