Денеска 15 новозаболени и дури три смртни случаи од КОРОНАВИРУСОТ во Македонија

Loading...

Денеска 15 новозаболени и дури три смртни случаи од КОРОНАВИРУСОТ во Македонија

Билансот сега е следен: 

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на прес-конференцијата на која што заедно со претседателот на Владата Оливер Спасовски и со д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје, беа објавени новите дополнети ограничувања на движењето на граѓаните на целата територија на земјата, ги соопшти најновите информации во врска со новодијагностицираните пациенти, состојбата на веќе дијагностицираните пациенти и институциите во делот на организација.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти, пациент од Кочани, на 40-годишна возраст, пациент од Тетово на возраст од 69 години и пациент исто така од Тетово на 65-годишна возраст. Од Инфективната клиника денеска заминуваат четворица оздравени пациенти, бидејќи се негативни нивните два контролни теста на коронавирус. Од Дебар се стигнати и резултатите на три лица, после два контролни теста, и тие се негативни. Тие се практично оздравени и се на домашно лекување, во координација со локалната болница и доктори коишто правеа визита во нивните домови. На Инфективната клиника, до утрово се примени 10 нови пациенти, сега се хоспитализирани вкупно 70, од кои осум се пациенти на механичка вентилација, вкупно 10 се со потешка клиничка слика, другите се со средно тешка клиничка слика, односно манифестација на болеста“, соопшти министерот Филипче на прес-конференцијата.

Во болницата ГОБ „8-ми Септември“, информираше Филипче, вчера се примени четири пациенти за коишто се чека резултатот да стигне во текот на денешниот ден и има двајца пациенти коишто се на респираторна машина. Во болницата во Битола е хоспитализиран еден пациент, меѓутоа во тек е трансфер на сите пациенти коишто беа претходно хоспитализирани во болницата во Охрид.

Според вчерашниот договор, болницата во Битола да биде регионален центар, практично сите пациенти коишто досега се лекуваа во Охрид, а тоа се пациенти од околината на Струга, сега се трансферираат во Битола. Во Штип се хоспитализирани четворица пациенти, од кои тројца се со лесна клиничка слика и во стабилна здравствена состојба.

„Во изминатите 24 часа се регистрирани 15 нови случаи на пациенти со коронавирусот во нашата земја, по градови: во Скопје-4, Куманово-8, Тетово-1, Струга-1 и Штип-1 пациент. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 570 лица. Оваа бројка на новодијагностицирани пациенти е од направени вкупно 202 теста. Просекот во изминатиот период, приближно на ден изнесува околу 350 теста. Инаку, намалениот број се должи на тоа што во недела се намалени капацитетите, во однос на дежурствата и луѓето коишто работат во лабораториите, од денеска практично продолжува истиот просечен број на направени тестови“, рече министерот Филипче.

Министерот Филипче упати апел до граѓаните дека ова е фаза, во којашто се очекува бројот на пациенти да расте и токму затоа од денеска, како што соопшти премиерот, Владата донесе мерки по предлог на Комисијата за заразни болести – беше забележливо дека и досега во една фаза дел од граѓаните доследно не ги почитуваа мерките. При предложувањето на новите мерки се имаа во предвид повеќе фактори, како што се празниците коишто се пред нас, убавото време, и затоа се предложија сите овие мерки, во смисла на дополнителна рестрикција на движењето, со оглед на тоа што само само социјалната дистанца конечно ќе стави крај на патот на ширење на вирусот.

„Свесни сме дека социјалната дистанца не е во природата на човекот, но токму тоа сега на нас ни ни е најпотребно, во интерес на сопственото здравје, во интерес на здравјето на нашите блиски, на сите тие кои ги сакаме, но и на колективното здравје. Сите имаме одговорност и овие мерки мора да се почитуваат. Апелирам до сите да се придржуваат кон мерките, само така ќе го намалиме бројот на заболени во нашата земја, само така нашиот здравствен систем ќе остане стабилен“, истакна министерот Филипче.

Д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје, на прес-конференцијата посочи дека рестриктивните мерки се неоходни. Во овој период нема друг начин, нема специфичен лек, не постои вакцина и не постои друга мерка којашто може да го спречи или да го ублажи понатамошното ширење на епидемијата.

„Можеби некој ќе дискутира дека бројките не се толку големи, меѓутоа ве уверувам дека ако не се преземат вакви мерки ќе не очекуваат многу повисоки бројки коишто може значително да го оптоварат нашиот здравствен систем. Од тој аспект, уште еднаш апелирам до сите граѓани да го издржиме овој период, сепак се работи за ограничен период кадешто ќе треба да се придржуваме кон овие мерки на социјална дистанца – сѐ со цел да ги заштитиме оние кај кои ова заболување може да предизвика навистина тешка клиничка слика, па дури и смртен исход“, потенцираше д-р Микиќ и додаде дека се уште сме во фаза кадешто се зголемува бројот на случаи и смртноста којашто ја регистрираме во нашата земја е една од пониските во регионот. Таа се движи под четири проценти, и мерките што се преземаат за да се задржат овие показатели.

Од среда полицискиот час ќе трае од 16 до 5, за викендите 24 часовна забрана за движење!

Радио станици на Пулс24

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...