Денес дождливо, од утре стабилно со повисоки температури

Времето денес ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег. Позастапени врнежите ќе бидат во југозападните делови. Утринската температура ќе се движи од – 1 до 3 степени, а дневната од 2 до 10 степени Целзиусови.
И во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 1 степен, а дневната до 8 степени.
Веќе од утре следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури, кои од недела на некои места ќе надминат 20 степени.