Денес и утре воени вежби на КФОР во северно Косово

Loading...

На својата официјална страница КФОР денес соопшти дека во следните денови ќе изведе вежби во северно Косово.
„Трупи на КФОР ќе појдат и ќе се распоредат долж главните патишта, согласно мандатот добиен од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност. Ова е нормална активност, која нема поврзаност со каква и да е посебна закана или загриженост. Ситуацијата е под контрола и КФОР продолжува со заштита на сите граѓани во Косово, како што тоа го прави од 1999 година”, наведе КФОР.

loading...