Денес масовен протест во Албанија, полицијата на готовс

За денес во Албанија се подготвува масовен антивладин протест, при што се очекува обид на опозицијата за насилно влегување во Парламентот. Пленарната седница на албанскиот Парламент, закажана за денес, беше одложена.
Како што соопштуваат албанските медиуми околу зградата на Парламентот и Владата во центарот на Тирана со цел да се спречи насилството за време на протестот, ќе бидат распоредени повеќе од 1.000 полицајци.
Полицијата ги повика приврзаниците на опозицијата да се воздржат од насилство, а повикот беше поддржан од претседателот Илир Мета и амбасадорите на неколку западни земји.