Денес на седница на Комисијата за уставни прашања четвртиот амандман на Уставот

Откако претходните неколку дена во Собранието, на комисиската расправа поминаа трите нацрт-амандмани кои Владата пред околу една седмица ги достави до Собранието денес продолжува расправата на чиј дневен ред е четвртиот предлог-амандман, кој се однесува на правата и грижата на Македонија за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство. Со Комисијата претседава собранискиот спикер, Талат Џафери.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери за 1 декември ја закажа седницата за нацрт-амандманите на Уставот.
Според Деловникот, претресот во матичните комисии може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацртот на секој амандман одделно. Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници го утврдува нацртот на секој амандман на Уставот одделно. Во последната фаза од постапката за менување на Уставот, повторно е потребно двотретинско мнозинство. Според роковите, очекувањата се целиот процес на усвојување на уставните измени да заврши во втората половина на јануари 2019. година.
Измените на Уставот се очекува да стапат на сила откако грчкиот Парламент ќе го ратификува договорот помеѓу Македонија и Грција, и откако Грција ќе го ратификува протоколот за пристап на Република Македонија во НАТО.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.