Денес право лето, сончево и многу топло

Во земјава денес ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе изнесува 12 степени, а максималната ќе се искачи до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.
И во Скопје и околината сончево и многу топло. Утринската температура ќе биде 17 степени, а дневната ќе достигне до 36 степени.
Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе опаднат за три до четири степени. Потоа во наредните денови времето повторно ќе биде стабилно и многу топло.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.