Денес променливо облачно и ветровито

Loading...

Во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повеќе облачност во западните делови каде што ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 1 до 8, а дневната од 8 до 18 степени.
И во Скопје и околината слично време. Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде околу 8, а дневната ќе достигне до 17 степени Целзиусови.
И во сабота ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови. Од недела кон крајот на денот до вторник следува период со поинтензивни врнежи од дожд, со услови за појава на ретки грмежи.

loading...