Денес променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи

Loading...

Во Македонија денес времето особено претпладне ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи помеѓу 12 до 19, а дневната ќе достигне од 20 до 29 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината, претпладне променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува умерен северен втер. Минималната температура ќе достигне до 16, а максималната до 25 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо и посвежо со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во вторник.

loading...