Денес променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд

Времето во земјава денес ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 11, а дневната од 14 до 23 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 8, а дневната до 21 степен.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со поинтензивни врнежи и ретки грмежи.

Loading...