Денес променливо облачно со сончеви периоди

Во Македонија денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови на повеќе места ќе настапи нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 22 до 33 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината слично време, променливо облачно со сончеви периоди и можна попладневна нестабилност. Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната до 30 степени.