Денес расправа за доверба на грчката Влада

Loading...

По барање на премиерот на Грција, Алексис Ципрас денес во 12 часот по локално време, во грчкиот Парламент ќе започне седницата за обновување на довербата на Владата, а ќе заврши утревечер со гласање доверба, јави дописничката на МИА од Атина.
Предвидено е расправата, со говор, да ја отвори и да ја затвори грчкиот премиер, а обраќања ќе имаат и лидерите на политичките партии. Според досегашната пракса со гласањата во грчкиот Парламент утревечер, веројатно околу полноќ, пратениците ќе треба да одлучат дали ќе и дадат или не доверба на Владата.

 

loading...