Денес сончево време, еве што не’ очекува викендов

Loading...

Времето денес ќе биде сончево со слаб до умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од -10 до 0, а дневната од 7 до 12 степени.
Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -6, а дневната ќе достигне 7 степени.
За време на викендот ќе биде променливо облачно. Во недела од средината на денот преку ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Од недела утринските температури ќе се покачат.

loading...
Loading...