Денес сончево и многу топло со зголемена облачност

Loading...

Денес во земјава времето ќе биде сончево и многу топло со зголемена облачност. Во источните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 16 до 23 степени, а дневната од 31 до 40 степени Целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 9.
И во Скопје и околината ќе биде сончево и многу топло со зголемена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 21, а дневната до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.
Сончевото и многу топло време ќе се задржи до среда. Ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури и УВ зрачење.

loading...