Денес сончево и многу топло

Loading...

Времето во земјава денес ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен во југоисточните делови. Утринската температура ќе биде 10 до 18, а дневната од 28 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе бележи вредност 8.
И Во Скопје и околината слично време, сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде околу 17, а дневната ќе достигне до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8.

loading...