Денес сончево и топло, од утре повторно дожд

Денес времето во земјава ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 22 до 33 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.
И во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и УВ индекс 8. Утринската температура ќе достигне до 14, а дневната до 31 степени.
Следува период на потопло време со пораст на дневните температури. Во петок во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и грмежи.

Loading...